Македонскиот прволигаш Работнички влегува во втората фаза од зимските подготовки. Со вчерашниот прв интерен тест, тренерот Александар Влахо ги воведе фудбалерите во следниот сегмент, одигрување пријателски натпревари и воигрување на составот за пролетниот дел од првенството.
Првиот пријателски натпревар „романтичарите“ ќе го имаат в среда против Борец, а три дена подоцна ќе тестираат и против Тетекс. Тимот на 26. јануари ќе замине на подготовки во Охрид, а следниот ден ќе одигра пријателски натпревар со Ренова.
На 30.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Струга Трим Лум, на 3. фавруари ривал ќе биде Пелистер, а последната контрола пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 6.февруари, против тимот на Тиквеш.
Работнички доведе шест засилувања во зимскиот преоден рок, а на проба во моментот се наоѓа младиот српски напаѓач Јован Петровиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













