
Работнички утре заминува на подготовки во Терме Чатеж, Словенија. Таму ќе одигра четири пријателски натпревари. Двата последни теста се против најзвучни ривали, турскиот прволигаш Трабзонспор и саудискиот клуб Ал Етифак, чиј тренер е Стивен Џерард.

Првиот тест во Словенија, Работнички ќе го има против Аждод (Израел) на 19 јули. Три дена подоцна тимот ќе одигра пријателски меч против словенечкиот второлигаш Бриње.
На 25 јули, противник на Работнички ќе биде турскиот прволигаш Трабзонспор, чиј член е македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Генералната проверка на Работнички пред почетокот на новата сезона ќе биде против саудискиот клуб Ал Етифак, на чија клупа наодамна седна англиската легенда Стивен Џерард, а во тимот настапува македонскиот репрезнетативец и поранешен играч на Работнички, Дарко Велковски.
На 29 јули, Работнички ќе ги заокружи летните подготовки во Терме Чатеж и ќе се врати во Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
