
Шкендија има „три од три“ и има план да продолжи во ист стил, но Работнички размислува поинаку. Поранешниот играч на Шкендија, Мевљан Мурати, сега е адут на „романтичарите“ и најавува дека неговиот тим сака да ги освои трите бода.
„Шкендија е квалитетен тим, имаат добар ритам, но и ние веруваме во своите квалитети. Имаме распект за ривалот, но сигурно дека ќе атакуваме на трите бода. Ако бидеме на вистинското ниво, мислам дека можеме да ја оствариме целта“, вели Мевљан Мурати.
Брегалница во Штип го пречекува лидерот Брера, а Шкупи на домашен терен го пречекува Гостивар и посакува триумф.
Силекс во Кратово ќе ја пречека Македонија ЃП. Тиквеш во Кавадарци ќе се сретне со Воска Спорт.
Дуелот меѓу Струга ТЛ и Вардар е одложен за 1.ноември.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО (денеска, 16 ч.)
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
БРЕГАЛНИЦА – АП БРЕРА
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ГОСТИВАР
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (01.11.2023)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
