Работнички ремизираше без голови на првиот пријателски натпревар против српскиот клуб Напредак Крушевац што се одигра во Пехчево. Избраниците на Александар Влахо одиграа квалитетен меч како вовед во серијата тестови во текот на летните подготовки.
Шанса добија сите фудбалери, а Работнички беше подобар ривал и имаше неколку убави шанси за погодок.
Во првиот дел, Марио Станковски беше во шанса, шутираше силно, но за малку крај голот во 17.минута, а десетина минути подоцна Марјан Ристовски се закани со удар со глава.
Најубавата можност ја имаше Бујар Хајдари во 63.минута. Тој шутираше од петерецот, а одбраната на Напредак Крушевац спаси на самата гол – линијата. Српскиот тим во финишот од мечот остана со играч помалку.
Александар Влахо го стартуваше мечот со следниот тим: Мустафа, Вецески, Кировски, Илиевски, Стојков, Тодоровски, Максимов, Ристовски, Тантуровски, Стојкоски, Станковски. Во второто полувреме играа и Јанков, Исмаел, Османоски, Ангелов, Мисердовски, Лазаров, Амгеловм, Сухељ, Хајдари, Ѓурчиновски, Бафтијар, Николовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski