
Македонскиот прволигаш Работнички се наоѓа високо на листата на клубови кои даваат најмногу фудбалери учесници на Европското првенство. Се работи за статистика од чија академија потекнуваат фудбалерите, каде ги направиле првите чекори во фудбалската игра.
На врвот на листата е една од најпознатите фудбалски школи во светот, Ајакс, потоа следи Динамо Киев, на третата позиција е рангиран Динамо Загреб, а веднаш потоа – Работнички.
Дури една третина од фудбалерите на списокот на Игор Ангеловски потекнуваат од Работнички. Младата ѕвезда Елиф Елмас, тројцата голмани Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Ристе Јанков, дефанзивците Дарко Велковски и Ѓоко Зајков, Даниел Аврамовски, Крсте Велкоски и Милан Ристовски.
Селекторот Игор Ангеловски исто така беше тренер и спортски директор на Работнички, а неговиот асистент Милан Илиевски настапуваше за „романтичарите“.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal