Connect with us

Работнички ја совлада Ренова во Охрид (ФОТО)

Работнички оствари триумф (1-0) против Ренова на пријателскиот натпревар на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Стрелец на победничкиот гол беше Марио Станковски во 47.минута од пенал. Претходно, Дејан Тантуровски беше соборен во противничкиот шеснаесетник.

Работнички беше подобар тим на овој меч, дебитираше белорускиот интернационалец Александр Позњак, а Димитар Тодоровски по 25.минута заработи два жолти картони и исклучување, но во договор меѓу двете екипи, во игра влезе друг фудбалер, Андреј Лазаров.

Никола Ристески имаше одлична шанса за Ренова пред самиот истек на првиот дел, но шутираше над голот.

Во второто полувреме, потегот на мечот го направи Лука Станковски. Тој беше пред реализација на погодок, но не шутираше кон голот затоа што противнички фудбалер се жалеше на повреда. Во самиот финиш, Лука Станковски имаше можност за да го потврди триумфот, но шутираше за малку крај голот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови