Работнички им се врати на победите, и тоа на денот кога клубот го слави 82.роденден. Тимот на Александар Влахо ја совлада Ренова со 1-0, во премиерниот меч од деветтото коло во Првата фудбалска лига, и тоа со автоголот на дефанзивецот Ненад Мишковски од Ренова, кој во 58.минута си постигна автогол.
Главниот момент се случи на стартот на вториот дел. Херера нафрли од слободен удар, а Мишковски сакајќи да расчисти, со глава ја затресе мрежата на Хадис Велии. Беше тоа неодбранлив удар за гостинскиот голман кој не очекуваше таков потег.
Во 81.минута, Петар Петковски беше соборен во казнениот простор, а судијата Марјан Стојановски покажа на белата точка. Сепак, напаѓачот на Работнички, Иван Марковиќ, не успеа да го реализира пеналот погодувајќи ја гредата од противничкиот гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













