
Шкупи имаше тешко гостување кај амбициозниот тим на Слога Виница во Купот на Македонија, но успеа да слави со 1-2 и да се пласира во осминафиналето. Дембо Дарбо и Фреди Алварез во првиот дел беа стрелци на головите за прволигашот од Чаир, а домаќинот во вториот дел само ја намали негативата. Саса Каменица на пенали го елиминира прволигашот Борец. Регуларниот тек заврши 2-2, а домаќинот по изведувањето пенали беше поуспешен и славеше со 3-1.
Македонија ЃП исто така на пенали ја елиминира Победа (5-4) откако мечот заврши без голови. Работнички успеа на пенали (3-4) во шест серии да биде подобар од Велазерими, откако немаше голови во текот на средбата.
Пелистер со 4-0 го победи Љуботен, а сите голови беа постигнати во второто полувреме. Хот го отвори резултатот, Маневски зголеми на 2-0, а потоа двапати стрелаше и Фазлиу. Еден гол помалку постигна Силекс, но исто така убедливо, со 3-0, се пласира во осминафиналето. Ренова беше убедлива на гости против Охрид и победи со 0-4.
Гостивар беше убедлив и на домашен терен го совлада Тиквеш со 5-0. Беласица конечно „проработе“ во Купот и победи со 1-5 против Росоман.
Резултати Куп на Македонија, 1/16 – финале
Гостивар – Тиквеш 5-0, Македонија ЃП – Победа 0-0 5-4, на пенали), Охрид – Ренова 0-4, Пелистер – Љуботен 4-0, Росоман – Беласица 1-5, Саса Каменица – Борец 2-2 (3-1, на пенали), Силекс – Тетекс 3-0, Слога Виница – Шкупи 1-2, Велешта – Кожув 1-2, Велазерими – Работнички 0-0 (3-4 на пенали)
Кит Го – ФК Скопје играат од 18 ч.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Брегалница - Штип
Здравков: Во Брегалница ќе пристигнат најмалку пет нови засилувања

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
ПСЖ сака да го доведе Маркус Турам
