
Работнички и Вардар се сретнаа на Националната арена Тодор Проески, а на крајот се радуваа „романтичарите“ кои славеа со 2-0. Тоа е многу важен триумф за тимот на Горан Станиќ во битката за обезбедување опстанок. Стрелец на водечкиот гол за Работнички беше Димитар Тодоровски во 76.минута од дуелот, а Атдхе Мазари во финишот погоди за 2-0.

Струга Трим Лум ремизираше со Брегалница (2-2) на домашен терен и сега има еден бод предност на врвот на табелата. Стрелци на головите за стружани беа Буњамин Шабани во 42.минута и Бесарт Ибраими во 86.минута од пенал. Брегалница одигра одлично во второто полувреме и постигна два гола преку Филип Стојчевски (67.) и Ремзифаик Селмани (73.).

Шкендија во Тетово го пречека Силекс и славеше со убедливи 6-1. Красниќи донесе водство за Шкендија, а израмни Ефтимов. Сепак, потоа се беше во корист на Шкендија која до врв ја наполни мрежата на кратовци. Цаке повторно донесе предност за Шкендија, потоа следеше автогол, а до крајот погодија уште еднаш Красниќи, Рамадани и Аганспахиќ.
Вчера се одиграа преостанатите три натпревари од 27.коло во Првата лига. Шкупи го победи тимот на Македонија ЃП со 3-1, Брера минимално славеше против Воска Спорт со 1-0, а Гостивар беше подобар од Тиквеш со 2-1.
ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2-0
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2-2
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 6-1
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-0
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal