
Работнички ја оствари втората победа во низа, десетта во шампионатот, совладувајќи ја Брегалница на гости во Штип со 0-1. „Романтичарите“ со овој успех се искачија на седмата позиција на табелата со 34 бода и сега многу полесно дишат кога е во прашање борбата за опстанок.
Марселин Гандо Биала беше стрелец на победничкиот погодок во 59.минута од мечот. Тој доби одлична топка од Али Регба и успеа да го совлада Ристе Јанков.
Ова беше меч без многу шанси. Матеј Ангелов се закани во 45.минута со шут откосо од десната страна, но Јанков успеа да одбрани.
Најубавата можност за Брегалница ја имаше Андерсон, по нафрлувањето на Маневски од левата страна, но не успеа да стигне да ја зафати топката и да реализира.
Брегалница по овој пораз се наоѓа на 11. позиција на табелата со 26 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
