Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Договор со клубот од Дебар Маало потпиша 19 – годишниот Сухељ Мухарем, кој во наредните две сезони ќе настапува во дресот на Работнички. Тој доаѓа од тимот на Ренова и настапува на крилната позиција.
„Доведовме млад и квалитетен фудбалер кој ги мина сите репрезентатовни селекции на Македонија и очекуваме Работнички за него да биде идеална средина за напредок во кариерата. Раководството на Работнички продолжува со активен пристап во преодниот рок и ќе бидат доведени уште неколку квалитетни фудбалери до заокружување на ростерот за следната сезона“, изјави спортскиот директор, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.
Претходно, Работнички ги доведе и Бојан Илиевски, Анес Османоски и Дејан Тантуровски во овој летен преоден рок.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski