Работнички неочекувано е на дното, а Шкендија сака да се врати на врвот. Последниот меч од 14.коло во Првата фудбалска лига ја нуди пресметката на Националната арена „Тодор Проески“.
Тренерот на „романтичарите“, Марјанчо Андрески, вели дека Шкендија а фаворит, но се надева дека неговиот тим може да одигра квалитетен натпревар и да освои бодови.
„Шкендија е фаворит, има искусен состав, актуелен првак е. Но, ние играме на домашен терен и се надеваме дека можеме да се спротивставиме и да освоиме бодови. Нема да биде лесно, но на Работнички секој бод му е потребен и ќе се бориме за секоја топка на денешниот меч. Доколку бидеме на потребното ниво, мислам дека можеме да оствариме поволен резултат“, вели Марјанчо Андрески за официјалниот сајт на клубот.
Ернест Ѓока ја исправи Шкендија, во минатото коло убедливо беше совладан Борец, но потребно е тим да продолжи во континуитет со добри резултати. Тетовци имаат и дополнителен мотив, вчера Вардар загуби од Струга Трим Лум, па можат да ја намалат негативата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













