Францускиот репрезентативец Адриен Рабио не одговори на понудата на Јувентус за продолжување на договорот и изгледа дека од нова соработка нема ништо.
Одличниот фудбалер од средниот ред е слободен да избере нова средина, а Јувентус му понуди двегодишен договор вреден 7,5 милиони евра по сезона.
Рабио има 29 години и за Јувентус одигра четири сезони.
Претходно ги бранеше боите на Пари Сен Жермен, а краток дел од кариерата помина во Тулуз.
Нема конкретни информации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, иако пред десетина дена се појавија информации дека Реал Мадрид се распрашувал за него, бидејќи Карло Анчелоти наводно сака уште еден искусен играч во средниот ред, по пензионирањето на Тони Крос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













