Американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ би можел да го напушти Челси во зимскиот преоден рок. Англиските медиуми повторно пишуваат дека Томас Тухел не го гледа Пулишиќ како редовен стартер, особено кога целиот тим е на располагање.
Пулишиќ има неколку понуди од Италија и од Германија, но и договор до 2024 година. Сепак, лесно би можел да си замине зимава ако се појави добра опција за продолжување на кариерата.
Тој пристигна во Челси во 2019 година, беше стандарден кај Франк Лампард, а потоа следеа серија повреди по кои никогаш не ја најде вистинската форма.
Сезонава Пулишиќ одигра само 13 натпревари, на кои постигна два гола и забележа две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













