Connect with us

Публиката ќе се врати и на стадионите во Ла Лига

Коронавирусот остави свој белег во секој аспект од човечкиот живот, вклучително и во спортот. Прво, сите натпревари беа откажани, потоа кога спортистите се вратија на терените, публиката не можеше.


Фудбалот се чини го изгуби својот шарм. Секој натпревар, дури и најважните, делуваа како еден вид тренинг.
Европското првенство ја врати вербатам, се вратија и навивачите на стадионите, а денеска беше потврдено дека од следната сезона публиката ќе може да се врати и на стадионите во Ла Лига. Ова го соопшти Министерството за здравство на Шпанија.


Сè уште не е познато со колкав капацитет ќе биде дозволено присуство на публика на стадионите, но, сепак, првиот чекор е направен, атмосферата повторно ќе биде фудбалска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови