Францускиот вицепрвак Пари Сен Жермен сака да го засили средниот ред со Франк Кеси. Фудбалерот на Милан влегува во последната година од актуелниот договор со „росонерите“, а спортскиот директор Леонардо тргнал да мати сметките на поранешниот клуб. Сега е задолжен за ангажман на нови засилувања во ПСЖ и се чини дека може да понуди многу повеќе од сите други клубови.
Кеси во моментот заработува 2,2 милиони евра по сезона, а Милан е подготвен за следниот договор да го плати 6,5 милиони евра годишно. Но, тука во играта влегува Пари Сен Жермен и на одличниот играч за врска му нуди 8 милиони евра по сезона, плус дополнителни 2 милиони евра преку бонуси.
Покрај Кеси, таргетот на ПСЖ за следното лето се Ерлинг Халанд и Пол Погба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













