
Англискиот гигант Ливерпул води жестока битка за трофеи на сите фронтови, но наголемо се подготвува и за значајните промени кои следуваат на лето.
Менаџерот Јирген Клоп заминува од Ливерпул на крајот на сезоната, но Германецот не е единствениот кој ќе ги спакува куферите и ќе го напушти „Енфилд“. Во текот на летото се очекува заминување на поголем број играчи. Некои заминуваат затоа што се вишок, а други затоа што ќе дојдат вистинските понуди за нив.
Напаѓачот Луис Дијаз е блиску до излезната врата. Неговиот агент Раул Коста неодамна одлета во Ливерпул, за да пренесе дека Колумбиецот не е задоволен од договорот кој трае до 2027 година.
Пари Сен Жермен е сериозно заинтересиран за Луис Дијаз и подготвен е да плати 85 милиони евра за да го доведе во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
