
Пари Сен Жермен со неверојатен пресврт дојде до конечни 2-1 против Лил и нови три бода, во дуелот на двата последни освојувачи на титулата во француската Лига 1. Иако во новата сезона, актулениот шампион, Лил е значително ослабен, сепак, составот на Џоселин Гурвенек го презеде водството по само половина час игра.
Во 30. минута, Џонатан Дејвид ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума, по извонредното додавање на Бурак Јилмаз. Откако, можеби најзвучното засилување на парижаните, Лионел Меси беше заменет по враќањето од паузата на полувреме, надежите за можен пресврт на тимот на Маурицио Почетино значително се намалија.
Но, сепак, не целосно, па мисијата наречена “пресврт” се покажа возможна. Во 74. минута, капитенот Маркињос се запиша во листата на стрелци, откако му се придружи на нападот по една одлично изградена акција. Потоа, на само две минути до истекот на регуларното време, за комплетирање на пресвртот и водство на ПСЖ, стрелаше Анхел Ди Марија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
