
Францускиот првак ПСЖ испрати писмо до напаѓачот Килијан Мбапе, во кое ги објаснува тешките финансиски последици за клубот доколку напаѓачот замине како слободен играч следното лето.
Писмото е објавено откако Мбапе го извести претседателот на клубот Насер Ал-Kелаифи дека не сака трансфер ова лето и дека ќе го исполни договорот со ПСЖ до 2024 година.
Според „Л’Екип“, во документот се наведува дека во такво сценарио, парижаните би морале да продаваат играчи, да ја преиспитаат нивната политика за промовирање на играчи од академијата и нивна промоција во првиот тим и да направат многу отпуштања од клубот.
Мбапе е во ПСЖ од август 2017 година, кога дојде од Монако за 180 милиони евра.
Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 41 гол и забележа 10 асистенции на 43 натпревари за парижаните во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
