
Францускиот првак Пари Сен Жермен тргнува во нов обид за ангажман на играчот за врска на Тотенхем, Деле Али. На барање на новиот тренер Маурисио Покетино, поранешниот англиски репрезентативец треба до крајот на зимскиот преоден рок да се пресели на „Паркот на принцовите“.
Во периодот додека Покетино беше на кормилото на Тотенхем, Деле Али беше еден од најдобрите играчи и стандарден англиски репрезентативец. Неговиот статус драматично се промени со доаѓањето на Жозе Мурињо, па Деле Али инсистира да си замине од Тотенхем за да може да се врати и во националниот тим на Англија за Европското првенство кое ќе се игра во јуни.
Тој има договор со Тотенхем до јуни 2024 година, но би можел да замине на шестмесечна позајмица во Пари Сен Жермен, со опција за комплетно откупување на договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
