
Големото дерби меѓу Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен на „Велодром“ заврши без голови. Гостите од Париз повеќе од половина час играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ашраф Хакими и успеаја да издржат да освојат бод.
Во првото полувреме и двата тима постигнаа по еден гол, но не беа признати поради офсајд позиција. Нејмар беше во акција кога домаќинот си постигна автогол, но по прегледување на ВАР снимката беше утврдено дека Бразилецот бил во офсајд. На другата страна, Аркадиуш Милик ја погоди мрежата, но претходно сепак имало офсајд позиција во текот на акцијата.
Многу тензија, навивачи кои влегуваа на теренот, еден од нив дури и прекина противнапад на Лионел Меси, гаѓање кон гостинските играчи кога изведуваат корнер, но тоа е веќе добро познат декор на овие дерби дуели на „Велодром“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
