Францускиот шампион Пари Сен Жермен планира да го доведе дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, следното лето, а самиот играч е отворен за трансфер во клубот од Париз, објавува „ЕСПН“.
На „Паркот на принцовите“ активно се бараат можности за засилување на одбранбената линија и имаат желба да најдат долгорочен партнер за Маркињос во центарот на одбраната. Покрај тоа, евентуалното доведување на Конате ќе им овозможи на ПСЖ да се подготви за иднината, бидејќи бразилскиот капитен на тимот ќе има 31 година во мај.
Според извори на „ЕСПН“, францускиот репрезентативец е заинтересиран за идејата да се врати во своето родно место. Конате поминал дел од младинските години во академијата на ПСЖ, пред да прејде во Сошо во 2014 година.
Централниот дефанзивец се приклучи на Ливерпул во 2021 година, преминувајќи од Лајпциг за 36 милиони фунти. Оттогаш, тој одигра 116 натпревари за англискиот тим и оваа сезона се утврди како основен партнер на капитенот Вирџил ван Дајк.
Конате има договор со Ливерпул до 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













