Connect with us

ПСЖ потпиша нови договори со Луис Енрике и со три ѕвезди

Раководството на Пари Сен Жермен објави дека тренерот Луис Енрике го продолжил договорот со клубот. Покрај шпанскиот стратег, нови договори потпишаа и тројца од клучните фудбалери на парижаните – Ашраф Хакими, Нуњо Мендеш и Витиња.

„Многу сум среќен што ќе ја продолжам работата во ПСЖ. Се чувствувам многу комфорно тука. Имаме сè што е потребно за да работиме во најдобри услови. Верувам дека нè чека светла иднина и се надевам дека заедно ќе постигнеме големи успеси“, изјави Луис Енрике.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Барселона застана на чело на ПСЖ во 2023 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Франција, го освои националниот Куп и подигна два Суперкупа.

Новиот договор на Луис Енрике е до 2027 година. Хакими, Мендеш и Витиња потпишаа до 2029 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови