Connect with us

ПСЖ понуди 70 милиони евра за Коло Муани, но Ајнтрахт бара многу повеќе

Пари Сен Жермен го сака Рандал Коло Муани, но преговорите не одат така лесно.
Радио Монте Карло денеска објави дека ПСЖ испратил официјална понуда од 60 милиони евра + 10 преку бонуси, но дека Ајнтрахт ја одбил.


Германците не се откажуваат од идејата дека Французинот може да оди за 100 милиони евра кои ПСЖ нема намера да ги плати.

Францускиот првак се потпира на притисокот од играчот, кој ги договорил личните услови и сака да оди во Париз, а може да го принуди Ајнтрахт да ја намали цифрата за обештетување.

Сигурно дека Германците ќе имаат целосна нето добивка, откако минатото лето пристигна без обештетување од Нант.

Сепак, тој одигра феноменална сезона во која постигна 24 гола и забележа 17 асистенции и стана стандарден француски репрезентативец.

Тој е голема желба на Луис Енрике, но и на Килијан Мбапе, кој одамна им порача на раководните луѓе дека сака што повеќе соиграчи од репрезентацијата околу себе, поради што дојдоа и Осман Дембеле и Лукас Хернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови