
Раководството на Пари Сен Жермен не само што инвестираше во дел од најголемите ѕвезди меѓу фудбалерите, туку се грижела и за угледот на клубот надвор од теренот. Потврдено е дека францускиот шампион издвоил средства за да плати различни инфлуенсери за да објавуваат позитивни работи за клубот на социјалните мрежи.
Вакво нешто минатото лето спомна францускиот новинар Роман Молина. Според него, парижани или фирми поврзани со клубот на такви поединци само за еден натпревар им плаќале по 1.000 евра. Од нив било побарано да забележат само позитивни работи за тимот, клубот. Сега испаѓа дека сите тие биле на договори.
Вчера популарниот меѓу навивачите на ПСЖ, Сабри Ориен, познат како Сабри #ParisienOuRien, го напиша следново:
„Мојот договор завршува на 13. јуни и ви ветувам дека ќе откријам сѐ. Воопшто не ми пречи. Уморен сум да молчам додека мојот клуб и неговите поддржувачи се однесуваат лошо. Уморен сум да бидам мек, но и веднаш признавам дека прво морав да си ја обезбедам иднината“.
Во коментарите под оваа објава на Твитер, инфлуенсерот го исмеа тврдењето на Молина дека му платиле 1.000 евра за само една објава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal