
Бразилскиот офанзивец Винисиус Жуниор доби огромна понуда од Пари Сен Жермен, кој го гледа како замена за Килијан Мбапе, пренесува „Билд“.
Трансферот се проценува на неверојатни 250 милиони евра, што би го соборило рекордот од 222 милиони евра, кои ПСЖ ги плати на Барселона за Нејмар во 2017 година.
Vinicius Jr au #PSG, la rumeur est relancée.https://t.co/sQ8rmoM8HM
— GOAL France 🇫🇷 (@GoalFrance) November 11, 2024
Иако Реал Мадрид засега не покажува интерес за продажба, бидејќи Винисиус има договор до 2027 година и повеќепати изјави дека се чувствува пријатно во Мадрид, можно е оваа приказна да добие неочекуван пресврт.
Винисиус оваа сезона настапи на 17 натпревари во сите натпреварувања, постигна 12 гола и додаде уште седум асистенции. Во Реал пристигна во 2018 година од бразилскиот Фламенго за трансфер вреден 45 милиони евра.
За репрезентацијата на Бразил дебитираше во 2019 година и досега има 35 настапи, на кои постигна пет гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс
