
ПСЖ ова лето тргнува во голема офанзива на пазарот. Клубот го напушти Килијан Мбапе и сега ПСЖ почнува да гради нов тим кој треба да се натпреварува за најголемите цели, а тоа е секако освојување на Лигата на шампионите, со која челниците на парискиот клуб се опседнати со години. Не успеаја да го освојат трофејот во најквалитетното клупско натпреварување и покрај тоа што за нив играа ѕвезди како Нејмар и Лионел Меси, па сега се насочуваат кон малку поинаков начин на размислување.
Во последниве месеци, раководството на клубот јасно стави до знаење дека ПСЖ сѐ повеќе ќе се потпира на својата фудбалска школа и дека повеќе нема да го полни тимот со други ѕвезди освен оние за кои проценуваат дека можат да донесат долгорочна корист за клубот. Еден од тие играчи е Квича Кварацкелија (23), брилијантниот грузиски напаѓач кој игра за Наполи. Италијанските медиуми тврдат дека ПСЖ понудил 100 милиони евра за играчот кој со своите настапи го доби прекарот „Кварадона“.
Веста ја потврди неговиот агент Мамука Југелим во интервју за грузиското издание на „Газета дело спорт“.
„Интересот од Саудиска Арабија не е вистинит. Сепак, точно е дека има интерес од ПСЖ, дури и понуда, но сѐ зависи од одлуката на Наполи и претседателот на клубот“.
Грузискиот напаѓач му се приклучи на Наполи во летото 2022 година во трансфер вреден 13,3 милиони евра и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во Серија А и го предводеше Наполи до историска шампионска титула по 33 години чекање. Досега за Наполи има 88 настапи на кои постигна 25 гола и додаде 26 асистенции, а со Грузија се пласираше на првото големо натпреварување во историјата и ќе игра на ЕВРО 2024 во Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
