ПСЖ е сè уште активен за време на тековниот преоден рок. Луис Кампос и Кристоф Галтије ја започна новата страница на клубот, засега не купуваат „ѕвезди“ туку инвестираат во иднината на клубот.
На „Паркот на принцовите“ пристигнаа Витиња, Санчес, Мукиеле и Екитике, а од Спортинг Лисабон во претходната сезона беше купен Нуно Мендеш. Вчера се појавија информација дека ПСЖ има интерес за Маркус Рашфорд.
Во Париз со недели кружат списоци за „непожелни“, а француските медиуми пренесуваат дека клубот ќе биде суров и споменатите фудбалери ќе ги префрли во резервниот тим на ПСЖ, кој се натпреварува во петтата лига на Франција. Играчи кои би можеле да го засилат петтолигашкиот состав се Андер Херера, Курзава, Дракслер, Рафиња, Керер, Геј и Икарди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













