
Пари Сен Жермен одбива да му ги исплати долговите на Килијан Мбапе. Клубот му должи на фудбалерот 55 милиони евра, кои вклучуваат плати за последните три месеци на „Паркот на принцовите“ и бонуси.
Порано овој месец, претставници на Мбапе и ПСЖ имаа средба, но не постигнаа договор. Потоа, правната комисија при Француската професионална лига (ФПЛ) донесе одлука по случајот и објави дека клубот треба да ги исплати сумите.
Од ПСЖ одбија, и сега случајот ќе биде разгледан од Апелациската комисија на ФПЛ. Клубот има и други начини да го оспори решението. Фудбалерот, пак, се обрати и до УЕФА за решавање на спорот.
Килијан Мбапе го напушти Пари Сен Жермен како слободен агент летово и прејде во Реал Мадрид. Парижаните тврдат дека имале устмен договор со него претходното лето, дека тој ќе се откаже од бонусите доколку си замине без обештетување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
