Connect with us

ПСЖ не бил толку очаен три години

Пари Сен Жермен загуби со 0-1 од Баерн Минхен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и доживеа трет последовен пораз во сите натпреварувања. Претходните два беа од Олимпик Марсеј во Купот на Франција (1-2) и од Монако во Лига 1 (1-3).


Парижаните последен пат загубија три меча во низа во 2020 година, а и тогаш негативната серија ги опфати натпреварите со Баерн Минхен и со Олимпик Марсеј.

Избраниците на Кристоф Галтие беа непрепознатливи пред паузата и успеаја да упатат само еден удар, благодарение на Лионел Меси во 45. минута. Аргентинецот ја испрати топката во живиот ѕид од слободен удар, а ПСЖ мина без удар во рамките на голот во текот на целото прво полувреме во натпревар од Лигата на шампионите, за првпат по поразот од Манчестер Сити со 1-0 во 2016 година.

Баерн ја продолжи победничката серија. По шест успеси во групната фаза, Баварците го добија и седмиот натпревар по ред во натпреварувањето, а гол-разликата од овие мечеви е 19-2.

Германскиот гигант не знае за пораз од 17 септември минатата година, кога во Бундес-лигата загуби со 0-1 од Аугсбург. Следуваше серија од 20 натпревари без пораз во сите натпреварувања (16 победи и 4 нерешени средби).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови