Connect with us

ПСЖ направи „дрим – тим“, па сега бара УЕФА да го преиспита финансискиот фер-плеј

Францускиот гигант Пари Сен Жермен оформи „дрим – тим“ откако доведе неколку фантастични фудбалери во летниот преоден рок, вклучувајќи го и Лионел Меси од Барселона, а сега би сакал УЕФА да ги олабави мерките околу Финансискиот фер-плеј. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ги сподели своите ставови.

„Мора да имаме финансиска стабилност. Ако не реагираме брзо, последиците може да бидат непоправливи. Финансискиот фер-плеј треба да се преиспита. Треба да имаме посилен однос со УЕФА. Ние веруваме дека фудбалот треба да биде еднаков за секого, ги цитира зборовите на Ал-Келаифи, шпанскиот весник „АС“.

Ова лето, Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Џорџинио Вајналдум се приклучија на ПСЖ како слободни агенти. Клубот го купи и Ашраф Хакими од Интер. Беше објавено дека зделката била вредна 70 милиони евра. Сите овие нови засилувања имаат огромни плати во ПСЖ.

Претходно се дозна дека УЕФА ќе поднесе проект за замена на правилата за финансискиот фер-плеј со воведување на ограничување на платата и данок на луксуз. Промените може да стапат на сила од 2022 година.

Клубовите кои учествуваат во европските натпреварувања ќе можат да за плати да одвојат не повеќе од 70 отсто од вкупниот профит. Тимовите што го надминуваат лимитот на плата ќе треба да платат данок на луксуз еквивалентен на пречекорувањето на трошоците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови