Connect with us

ПСЖ на лето го купува Упамекано

Пари Сен Жермен прави сѐ што е можно за да го донесе Дајот Упамекано како слободен играч следното лето. На „Паркот на принцовите“ подготвиле сериозна понуда со која сакаат да го убедат дефанзивецот да го облече нивниот дрес, пренесува „Скај Германија“.

„Пари Сен Жермен е сериозно вклучен во случајот со Дајот Упамекано, доколку тој стане слободен агент. Веќе се водени разговори, вклучително и со Реал Мадрид“, тврдат од „Сакј Германија“.

Поради истекувањето на неговиот договор, Упамекано е многу атрактивна цел на трансферниот пазар за следното лето. За него интерес покажуваат и Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул, а и Баерн прави сѐ што може за да го задржи на „Алијанц Арена“.
Сепак, засега изгледа дека ПСЖ ќе ги претрка конкурентите во борбата за неговиот потпис.

27-годишниот Французин пристигна во Баерн во 2021 година од Лајпциг. Досега има 168 натпревари, шест гола и десет асистенции во дресот на баварците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови