
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, сака да се пресели во Пари Сен Жермен, информира „Марка“. Португалскиот репрезентативец е категоричен во желбата да ги напушти „јорганџиите“, но засега има само една понуда за него – од Астон Вила. Сепак, Феликс сака да игра во Лигата на шампионите и се надева дека интересот на ПСЖ ќе се претвори во конкретна понуда.
Интересно е дека ПСЖ на Португалецот му го ветил дресот со неговиот омилен број„7“, која моментно му припаѓа на Килијан Мбапе. Најдобриот стрелец на парижаните одбива да го продолжи договорот и речиси сигурно ќе биде продаден пред крајот на преодниот рок.
Жоао Феликс почна да тренира со Атлетико, но Диего Симеоне го испрати да тренира со младинскиот тим. 23-годишниот фудбалер инсистира дека неговата иднина ќе биде решена до 24 јули, кога тимот ќе замине на претсезонска турнеја низ Азија.
Во втората половина од минатата сезона, поранешниот играч на Бенфика беше позајмен во Челси, постигнувајќи четири гола на 16 натпревари. Сепак, лондончани одбија да го купат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот

Евро-фудбал
Алегри: Не смееме да примаме толку лесни голови
