
Најголемата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, најверојатно на лето ќе направи трансфер во Реал Мадрид, а сѐ поочигледно е и дека францускиот клуб полека се помирува со оваа состојба и се обидува да ја пронајде неговата замена.
Според француските медиуми, првата опција на ПСЖ е нигерискиот интернационалец Виктор Осимен, голгетерот на Наполи. Тој наводно повеќе одговара на замислите на тренерот Луис Енрике од Рафаел Леао, офанзивецот на Милан, кој исто така се споменува како можен наследник на Мбапе.
Осимен има актуелен договор со Наполи до јуни 2026 година, а отштетната клаузула изнесува 112 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
