Connect with us

ПСЖ како казнена експедиција мина низ Марсеј (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен многу полесно од очекувањата славеше на гости против Олимпик Марсеј. Ова требаше да биде неизвесен дуел, но ПСЖ како казнена експедиција мина кај еден од своите најголеми ривали и славеше со 0-3.

Жоао Невеш во седмата минута погоди за 0-1, а Марсеј во 20.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Харит.

Потоа уште еден пех за Марсеј, кога Балерди си постигна автогол во 29.минута, а третиот гол за ПСЖ беше дело на Бредли Баркола во 40.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови