
Пари Сен Жермен продолжува да „гази“ во француската Лига 1, остварувајќи убедлива победа од 1-6 на гости кај Сент Етјен. Оваа победа ги доведува многу блиску до освојување на 13. титула шампион, четврта по ред, која може да биде осигурана веќе вечерва, ако натпреварот меѓу Монако и Ница заврши со нерешен резултат.
Ако некоја од овие две екипи победи, ќе имаат 21 бод помалку од ПСЖ на седум натпревари до крајот на сезоната, што ја прави ситуацијата невозможна за промена.
Сент Етјен, иако е втор најтрофеен клуб во Франција со 10 титули, се наоѓа во зоната за испаѓање со само 20 бодови и има големи потешкотии да се спаси.
Првиот гол на натпреварот го постигна Сент Етјен преку Стасино во деветата минута, но тоа беше сѐ што домаќините успеаја да направат. ПСЖ се изедначија преку Гонзало Рамош од пенал во 43. минута, а потоа следуваше голгетерска продукција на гостите со головите на Кварацкелија (50′), Дезире Дуе (53′, 66′), Жоао Неваш (62′) и младото чудо Ибрахима Ембај (89′), кој на само 17 години го постигна својот прв гол во сениорскиот фудбал.
ПСЖ ја продолжува својата доминација и е многу близу да ја обезбеди титулата, додека Сент Етјен се наоѓа во тешка ситуација на дното на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
