Египетскиот интернационалец Мохамед Салах се уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, а тоа сака да го искористи Пари Сен Жермен и да го доведе на „Паркот на принцовите“.
Во Париз се подготвува комплетна реконструкција и единствено Лионел Меси е сигурно дека ќе остане во тимот и следната сезона. Нејмар е на трансфер – листа, иако има уште три години од договорот, а неговата огромна плата не ги „мотивира“ клубовите да тргнат по него.
Но, Салах во ПСЖ, тоа е мисија која сопствениците од Катар би сакале да ја реализираат, посебно доколку Килијан Мбапе го напушти клубот ова лето и замине во Реал Мадрид.
Репрезентативецот на Египет е прва фигура на својот тим Ливерпул и оваа сезона, постигна 30 гола на 45 натпревари со 14 асистенции во сите натпреварувања и е најзаслужен што „црвените“ во финишот од сезоната се во борба за четири трофеи, од кои еден веќе го освоија – Лига купот на Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













