Connect with us

ПСЖ го тресна Монако и веќе гледа кон нова титула (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен ја продолжува серијата без пораз во францускиот шампионат, а вечерва ја оствари 16. победа. „Светците“ беа подобри од Монако со 4-1 и веќе имаат големи 13 бода предност на врвот на табелата. Тимот на Луис Енрике сигурно чекори кон нова титула.

Витиња во шестата минута обезбеди водство за ПСЖ, но израмни Закарија во 17.минута.

Квича Кварацкелија во 54.минута повторно ја врати предноста на „светците“, а три минути подоцна триумфот го потврди Осман Дембеле.

Во 90.минута Дембеле постигна уште еден погодок за конечни 4-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови