
Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, продолжува со потрагата по најдоброто решение за голманската позиција. Според „RMC Sport“, најновиот кандидат е Јасин Бону, кој со Севилја триумфираше во Лигата на Европа.
32-годишниот голман, кој со Мароко го освои и бронзениот медал на Светското првенство во Катар во 2022 година, исто така е подготвен за евентуална преселба во францускиот гигант. Се вели дека Бону сака да го направи следниот чекор во кариерата и размислува за преселба или во Пари Сен Жермен или во англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Парижаните засега се подготвени да понудат 15 милиони евра, додека Севилја ќе бара отштета од 20 милиони евра.
Договорот на Јасин Бону со Андалузијците е до летото 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
