
Францускиот гигант Пари Сен Жермен се уште ја нема докомплетирано револуцијата во тимот која спортскиот директор Леонардо ја започна во овој летен преоден рок. После Рамос, Донарума, Вајналдум, Меси, планот е следното лето да се доведе Пол Погба, но и уште еден фудбалер од Премиер – лигата.
Тоа е Антонио Рудигер, германскиот дефанзивец од европскиот првак Челси. Тој има договор до крајот на сезоната, а засега нема потпишано за нова соработка. Пари Сен Жермен влезе во игра за неговиот потпис.
Рудигер во моментов заработува околу 6 милиони евра во Челси, англискиот клуб е подготвен и за мало зголемување на годишните приходи, но ПСЖ би му понудил многу повеќе, 10 милиони евра по сезона.
Рудигер пристигна во Челси од Рома, откако претходно се етаблираше во Штутгарт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?
