Connect with us

ПСЖ го купува Халанд за 200 милиони евра?

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе се обиде да го оствари тоа што беше план на Реал Мадрид, да ги спои Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. „Светците“ на лето ќе тргнат во акција за купување на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, пишува францускиот „Footmercato“.


Откако и оваа сезона пропадна планот за освојување на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе тргне во ново реновирање на тимот од кој треба да си заминат Нејмар и Лионел Меси.

Наводно, Халанд не е најсреќен во Манчестер Сити, а има отштетна клаузула од 200 милиони евра која ПСЖ би ја платил. Уште еден играч на Манчестер Сити, искусниот фудбалер за врска Бернардо Силва, е на листата на желби на ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови