
Пари Сен Жермен не се откажува од намерата да го задржи Килијан Мбапе и по завршувањето на сезоната. Парите не се проблем, ќе ја зголеми понудата за нов договор на Мбапе, се работи за 70 милиони евра со бонуси, никој на светот не може тоа да го плати. Реал Мадрид стигна до 50 милионие евра по сезона, откако двојно ја зголеми понудата.
Актуелниот клуб е подготвен да исполни уште три услови доколку тоа го натера Мбапе да се согласи за продолжување на договорот, барем на уште две сезони.
Првата е да се доведат засилувањата кои ги сака Мбапе, а секако и Зинеди Зидан за тренер. Тоа веројатно би значело доаѓање на Погба и обид за купување на Чуамени со што би се засилил францускиот клан во тимот.
Вториот е Мбапе да стане капитен на тимот, што би значело – неприкосновен лидер.
Третиот е можеби и најдрастичен. ПСЖ е подготвен да се справи со јужноамериканскиот клан во тимот. Ќе го продаде Нејмар, кој е највлијателниот играч во соблекувалната, за да го убеди Мбапе дека тој е центарот на проектот. Дополнително ќе си заминат Ди Марија, Икарди, Паредес, практично, со Маркињос кој би му ја дал лентата, само Лео Меси би останал од интернационалците од Јужна Америка.
„Светците“ веруваат дека со ова би го убедиле Мбапе да остане во Париз, иако тој е речиси договорен за трансфер во Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Евро-фудбал
Реал Мадрид го продолжи договорот со Тибо Куртоа

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
