
Петер Бош е новиот тренер на ПСВ Ајндховен, официјално соопштија од клубот. 59-годишниот стратег доаѓа на местото на Руд ван Нистелрој, кој си замина на крајот од сезоната.
Куриозитет кај Бош е што го предводеше големиот ривал – Ајакс, со кој стигна до финалето на Лигата на Европа во сезоната 2016/2017, губејќи од Манчестер Јунајтед со 0-2.
Новиот тренер на ПСВ веќе потпиша договор на три години.
„Добро е чувството да се биде главен тренер на овој голем клуб. Од првиот состанок се чувствувам како дома. И јас и ПСВ сме гладни за трофеи. Минатата сезона ПСВ освои два трофеи (Купот и Суперкупот на Холандија), но нашата цел е да ја освоиме титулата во Ередивизие во претстојната сезона. Ќе направиме сѐ што можеме за да ја оствариме нашата цел од соништата“, изјави новиот тренер на ПСВ.
Питер Бош има сериозна визит-карта, бидејќи покрај Ајакс раководеше и со Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и со Лион. Тој беше отпуштен од францускиот тим минатиот октомври по лошиот старт во Лига 1.
Our new head coach, Peter Bosz! 🔴⚪️ pic.twitter.com/tUGOFVQgcu
— PSV (@PSV) June 12, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
