Снежните врнежи во Македонија придонесоа да биде донесена одлука за одложување на денешните натпревари од Првата фудбалска лига. Мечевите кои требаше да се одиграат денеска, се пренасочени за среда, 9. март, со почеток во 14 часот.
На распоредот е 22.коло, а одложени за три дена се натпреварите: Работнички – Шкендија, Струга Трим Лум – Македонија ЃП, Брегалница – Пелистер, Ренова – Шкупи, Академија Пандев – Борец.
Вчера се одигра единствениот натпревар од колото, Тиквеш го победи Скопје со 3-0.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement