Connect with us

Првиот меч без голови: Франција и Холандија останаа на „нула“

Франција и Холандија се неверојатно потентни селекции кога е офанзивата во прашање, но вечерва во Лајпциг го одиграа првиот меч без голови на Европското првенство. Сега и двете селекции имаа по четири бода и сѐ уште се во пол позиција за пласман во осминафиналето.

Дешамп го остави Килијан Мбапе на клупата, го поштеди од напори по скршеницата на носот, а Антоан Гризман имаше две одлични ситуации, по една во двете полувремиња, за да реализира и да донесе предност, можеби и победа.

Холандија може да жали затоа што Чави Симонс постигна погодок во 69.минута, но по одлуката во ВАР собата сепак не беше признат поради офсајд позиција на Дензел Дамфрис, холандскиот фудбалер кој беше најблиску до голманот Мајк Мењан и му пречеше да интервенира.

Во последното коло, Франција ќе игра против Полска, која веќе е елиминирана и без бодови, а Холандија ќе се сретне со Австрија која има три бода, еден помалку од водечките две селекции кои вечерва ремизираа без голови во Лајпциг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови