Connect with us

Првиот човек на саудискиот спорт објави фотографија од Салах во дрес на Ал-Хилал

Првиот човек на Саудиска Арабија за спорт и забава, Турки Алалшик, ги возбуди фановите со објавата на слика од Мохамед Салах во дрес на нов клуб.

Најдобриот играч во досегашниот дел од Премиер – лигата сè уште нема го продолжено договорот со Ливерпул, иако влезе во последните шест месеци од активниот ангажман со клубот. Поради тоа, Салах може слободно да преговара со други клубови, без да се консултира Ливерпул.

Незадоволен од понудата која ја добил од Ливерпул, Салах најави заминување од клубот. Очигледно, тој се обидува да изврши притисок врз управата на клубот за да ги исполни своите финансиски цели. Египќанецот неодамна јавно најави дека ова ќе биде неговата последна сезона во Ливерпул.

„Ова е мојата последна година во клубот и сакам да направам нешто посебно за овој град. Иако ја освоивме титулата по повеќе од 30 години чекање, пандемијата ни ја одзеде вистинската прослава. Се надевам дека оваа година ќе ја поправиме таа неправда,“ изјави Салах.

Тој исто така додаде дека е незадоволен од застојот во преговорите.


„Досега? Да. Во последните шест месеци нема никаков напредок во преговорите. Далеку сме од договор, така што останува само да чекаме и да видиме што ќе се случи“, рече Салах за „Скај Спортс“ пред десетина дена.

Во случај на заминување од Ливерпул, Салах има две примамливи понуди, една од Пари Сен Жермен и друга од Саудиска Арабија.

Турки Алалшик ја разбранува јавноста денес со објавата на фотографија од Салах во дрес на Ал-Хилал. Најмоќниот саудиски клуб, кој веќе привлече голем број ѕвезди, е незадоволен од придонесот на Нејмар, па доведувањето на Салах би било најзначајниот трансфер во историјата на клубот.

Салах и претходно имаше понуди од Саудиска Арабија, но летово одби 150 милиони фунти од Ал-Итихад. Меѓутоа, бидејќи останува без договор за помалку од шест месеци, Египќанецот сега би можел да прифати и значително помала сума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови