Connect with us

Првиот човек на ПСЖ жестоко ги нападна Реал, Барселона и Јувентус

Оригиналната идеја за формирање на Европска Суперлига не успеа, УЕФА не го прифати предлогот на 12-те клубови кои сакаа да се одделат, но во последните денови се појавија информации дека Барселона, Реал Мадрид и Јувентус се уште активно работат на формирање на таква лига, во малку поинаков формат.

На седницата на Асоцијацијата на европски клубови (ЕКА), се разговараше за различни теми од светот на фудбалот, а првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи, ја искористи можноста остро да го нападне проектот, пред се Барселона, Јувентус и Реал Мадрид. Го нарече – пропаднат план.

„Тие кукаат за својата судбина, губат енергија, додека ние останатите одиме напред и се обидуваме да го направиме европскиот фудбал подобро место за сите нас“, рече Ал Келаифи.

Тој нагласи дека идејата за создавање Суперлига е срамна и ги повика сите да работат во интерес на европскиот фудбал, националните федерации и особено навивачите.

„Пред да погледнеме кон иднината, треба да направиме неколку чекори назад. Нема да посветиме многу внимание на деновите кога се создавапе Суперлигата, затоа што не постои, бидејќи не сакам да им давам премногу значење на оние што измислуваат бајки и пропаднати проекти“, истакна Ал Келаифи.

На седницата на ЕКА, присутните се согласија против промените во фудбалскиот календар и опцијата за играње светски првенства на секои две години, а исто така се зборуваше и за финансискиот фер -плеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови