Connect with us

Првиот човек на ПСЖ објасни зошто не го продаде Мбапе

По трансферот на Меси во ПСЖ и на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, летниот преоден рок можеше да го одбележи уште една трансфер бомба. Сепак, францускиот тим одби понуда вредна 200 милиони евра за крилниот напаѓач Килијан Мбапе.


Првиот човек на тимот од „Паркот на принцовите“, Насер Ал Келаифи, објасни зошто тоа не се случи.

„Единствено што е важно е дека сакаме да го почитуваме финансискиот фер -плеј на ПСЖ. Според тоа, ние не моравме да го продадеме Мбапе“, изјави првиот човек на ПСЖ.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во јуни следната година, а младиот Французин упорно ги одбива понудите за негово продолжување. ПСЖ ова лето ангажираше дури шест засилувања, и сите тие се звучни имиња, што во голема мера влијае на изјавата на Насер Ал Келаифи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови