Лајпциг ја започна новата година со добра вест, откако Чави Симонс ги обнови тренинзите. На тренингот беше присутен и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој можеби и ќе го напушти клубот до крајот на јануари.
Левиот бек на Германија, Давид Раум, исто така се врати на тренинзите по повреда, но напаѓачот Лоис Опенда отсуствуваше поради „семеен проблем“, им откри тренерот Марко Росе пред медиумите.
Росе им се заблагодари на навивачите кои го посетија отворениот тренинг за нивната одлична поддршка, особено „во тешкиот период во последно време“.
Лајпциг, кој е четврти на табелата, ја продолжува сезоната во Бундес-лигата на 12 јануари против Вердер Бремен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













