
Наполи можеби нема да може да го ангажира младинскиот репрезентативец на Шпанија, Габриел Веига. Се чинеше дека меѓу Наполи и Селта сѐ е решено, а тренерот на тимот од Виго, Рафаел Бенитез, изјави дека зделката е прашање на време, но во последните часови ситуацијата добила пресврт.
Офанзивниот играч за врска синоќа требаше да отпатува на медицински прегледи, но не се качил во авионот. Повеќе извори во Шпанија и Италија информираат дека дошло до раздор меѓу двете страни.
Тоа се должи на желбата на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис да ги поседува имиџ правата на играчите во својот клуб.
Инаку, Наполи се согласи да плати 30 милиони евра, плус уште 6 милиони бонуси за 21-годишниот талент. Тој има откупна клаузула вредна 40 милиони евра. Габриел Веига постигна 11 гола во Ла Лига минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
